×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (16.6.2020)

    16.06.2020 07:12 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (16.6.2020)

    Овен

    Доколку нешто ви лежи на срцето, а го премолчувате, денес е денот кога отворено треба да кажете за што станува збор.

    Повторно се враќате во минатото и ги оживувате спомените за некоја драга личност по која копнеете.

    Бик

    Пред вас е работа којашто може да ви донесе бенефит. Сите обврски ќе ги завршите сосема лесно.

    Премногу сте чувствителни кога станува збор за љубената личност, па затоа и не можете да бидете објективни во вашите очекувања.

    Близнаци

    Вашата околина забележува дека делувате уморно и ќе биде тука за да ви помогне, само вие треба да го побарате тоа.

    Честопати знаете партнерот да го занемарите поради вашите работни обврски.

    Рак

    Вашата позитивна мисла денес ќе создаде и полесно справување со работите. Секому му треба позитивен човек кој ќе му го разубави денот.

    Личност којашто се наоѓа во вашата близина, честопати ја оставате на страна, но денес ќе ви влезе под кожа.

    Лав

    Доколку денес ви се понуди помош, прифатете ја. Вашата измореност се афектира и на работата.

    Врската во којашто се впуштате во последно време може да има особено значење за вас. Единствено на што треба да внимавате е вашиот партнер доколку го имате. Слободните припадници ќе уживаат во убавите моменти.

    Девица

    Постојано се трудите се' да завршите на време, но и вас ви е потребен одмор. Обидете се попладневните часови да ги ги поклоните на вас, затоа што никој нема да рече дека треба да одморите, ако вие самите тоа не си го кажете.

    Вашата страст ве влече кон авантури.

    Вага

    Бидејќи не сте задоволни со она коешто ви се нуди на професионалниот план, постојано вината ја барате во сите околу вас. Обидете се да бидете пореални.

    Доколку проблемите со вашиот партнер не се толку големи, тогаш не правете од мравка слон.

    Шкорпија

    Денес ќе бидете расположени за работа, затоа што ќе почне да ви се подобрува финансиската состојба.

    Доколку сакате да направите одредена промена на емотивното поле, тогаш мора да ја известите и другата засегната страна.

    Стрелец

    Пред вас е период полн со предизвици, но и период кој може да биде исполнет со многу љубов. Работите во овој момент, во најголема мера, се зависни од вас.

    Не ги одолговлекувајте важните прашања кога станува збор за љубовта, затоа што партнерот почнува да ги губи нервите.

    Јарец

    Вашата способност доаѓа до израз само кога ќе се посветите на она што го работите. Затоа денес однесувајте се одговорно, некој од надлежните постојано ќе ви биде над главата.

    Успевате да се изборите за доминантност на емотивното поле.

    Водолија

    Не сте доволно фокусирани, па не можете да си ги завршите обврските. Побарајте помош од колегите.

    Разговорот е од особена важност доколку со некој сакате да остварите подлабока врска.

    Риби

    Денес е можно да добиете нов предлог на работата. Најпрво осигурајте се пред да дадете отказ.

    Денес ќе имате повеќе среќа од обично. Иако нема да сте во право, партнерот ќе ве толерира.