×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (20.2.2020)

    20.02.2020 08:51 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (20.2.2020)

    Овен

    Денес не очекувајте никакви промени на работата. Вашиот партнер ќе сака да излезе да прошета но без ваше присуство, не замерувајте му.

    Бик

    Секојдневните нервози на работата денес ќе успеете да ги исконтролирате и да ја завршите работата до крај. На љубовното поле не ве очекува некоја посебна промена.

    Близнаци

    Денес на работата ќе бидете дефокусирани затоа што вашето тело ви покажува дека е изморено. Ако добиете некој предлог за излегување денес одбијте го, затоа што ви е неопходен одмор.

    Рак

    Велат промените доаѓаат од нас. Затоа денес доколку сакате нешто да промените мора да започнете прво од вас. Добар ден за да и' се приближите на саканата личност.

    Лав

    Пред да преземете одредени чекори на работата, прво размислете дали истото ви оди во прилог. Не одете сами против себе. Ако не знаете што да правите со односите со вашиот партнер, денес се предлага да и' се препуштите на интуицијата.

    Девица

    Ако околу вас денес кружи негативна енергија, тоа не е заради вас и затоа одбегнувајте го таквото опкружување. На љубовно поле, не очекувајте од некого промена, ако вие стоите во место.

    Вага

    Денес вашата работа завршете ја како што треба бидејќи се' околу вас ќе биде насочено кон вашите постапки. Вашиот партнер ќе бара од вас одговор на некои прашања.

    Шкорпија

    Ако денес се појават некои несогласувања на работата останете на страна. Секојдневните грижи кои ви ги создава саканата личност прават да се оддалечите од неа.

    Стрелец

    Ако нешто не ви одговара на работата, можеби е крајно време тоа да го кажете, но на индиректен начин. Вашиот партнер ви создава дополнителни грижи со неговото однесување.

    Јарец

    Пред да преземете нешто на работата, денес најпрво размислете дали тоа ќе им наштети и на другите. Не заборавајте на емпатијата. Секојдневната монотонија во која паѓате со вашиот партнер ве приморува да го поставите прашањето, дали вие двајца сте еден за друг.

    Водолија

    Доколку денес чувствувате дека вашето тело ви откажува послушност, тогаш по завршувањето на обврските обидете се да се одморите. Денес нема да сакате да разговарате за никакви љубовни проблеми бидејќи нема да имате сила.

    Риби

    Вашето здравје во последно време е кревко, но станува збор за менталното здравје. Постојано чувствувате притисок од околината и имате чувство дека не можете на ништо да влијаете.