×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (25.3.2020)

    25.03.2020 09:30 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (25.3.2020)

    Овен

    Денес од особена помош може да ви биде некој со хороскопски знак Вага. Внимавајте на вашите постапки на работата. Доколку сакате да му кажете нешто на вашиот партнер, тогаш речете го тоа директно.

    Бик

    Ќе знаете кој пат да го фатите и на кај да одите. Денес ќе делувате попромислено. Можеби е подобро да кажете што навистина ви смета кај партнерот, за да не се создава дополнителна фрустрација.

    Близнаци

    Во овој момент не сте спремни за поголеми промени. Оставете ја работата таква каква што е. Во овој период не дозволувајте да ве надвладее осаменоста, затоа што ќе ви делува депресивно.

    Рак

    Имајте поголема самодоверба кај вашите соработници, затоа што голем дел од нив можат да ви завршат добра работа. Не чувствувате напнатост кога станува збор за љубовта, правите обиди се' да се врати во нормала.

    Лав

    Ден во кој ќе размислувате што навистина вам ви е најважно во животот. Во последно време постојано се преиспитувате самите себеси и сфаќате дека вашето семејство е неизоставен дел од вашиот живот. Изненадување на полето на љубовта.

    Девица

    Мора да бидете експерт за да ги избегнете проблемите на работата. Обидете се да не делувате непромислено. Некој од колегите ќе покаже особен интерес за вас.

    Вага

    Добро сте организирани, но морате да им помогнете и на вашите соработници, затоа што за нив ситуацијата и не е баш најдобра. Иако во последно време не посветувате многу внимание на самите себеси, сепак вашиот шарм е неодолив.

    Шкорпија

    Чувствувате дека не оди најдобро на финансискиот план, но сепак успевате да останете сконцентрирани на работата. Не заборавајте дека сечиј и секој живот мора да е составен од паѓање и кревање. Оние кои се во брак мора да водат сметка за верноста.

    Стрелец

    Размислувате за се'. Понекогаш плановите ви се исполнуваат, понекогаш не. Денес и самите ќе бидете свесни дека е мала веројатноста да дојдете до решавање на некои ситуации. Емотивно гледано работите не се одвиваат баш како што сакате, но сепак се чувствувате задоволни.

    Јарец

    Вие сте личност која знае да работи и да молчи. Затоа и денес ќе се однесувате таинствено, а тоа ќе придонесе полесно да си ја завршите работата. Вие сте знак кој ја сака љубовта и семејството.

    Водолија

    Оставете ги фантазиите за соработки со некои луѓе од странство на страна, доколку сте приморани да сте во контакт со нив бидете, но не ја идеализирајте работата. Емотивно сте врзани за некој.пријател, а дали тоа е добро или не ќе покаже самото време

    Риби

    Не ги доведувајте во корелација љубовта и работата, се' треба да си има свое и посебно место во животот. Вашиот партнер повеќе размислува за парите коишто сака да ги заработи, отколку за вашата љубов.