29. 06. 2020 09:40

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (29.6.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (29.6.2020)

 ДНЕВЕН ХОРОСКОП

Овен

Денес ќе се обидете да дојдете до некоја поубава позиција на работата, меѓутоа тоа ќе можете да го постигнете само половично.

Доколку сте скарани со вашиот партнер, денес не очекувајте лесен расплет на настаните.

Бик

Кога е во прашање работата, денес не би било лошо доколку се потрудите малку повеќе и дојдете до подобра стартна позиција.

Денес кога станува збор за љубовното поле, имате предиспозиции за да си поминете убаво, меѓутоа истото ќе биде зависно од вас.

Близнаци

Денеска ќе мора да се потпрете на вашиот kолега за работата, бидејќи е поискусен од вас. Иако сакате повеќе пари, сепак денес ќе имате само повеќе работа.

Оние кои се сами не треба да гледаат на работите негативно, туку да се активираат. Љубовта секогаш се наоѓа околу нас, само ние честопати сме слепи за неа.

Рак

Работата која ја имате во моментот знаете како да ја работите, но сепак треба да се обидете и со нешто друго, затоа што мултидисциплинарноста денес е многу важна за поголем просперитет.

Денес ќе бидете расположени за дружење, па поради таа причина нема ни да можете да почувствувате осаменост.

Лав

Вие сте знак кој сака самостојност, но работата ви налага да соработувате со повеќе луѓе. Тоа денес особено ќе ви пречи.

На емотивното поле, сакате да сте во право и кога не сте, обидете се да не правите постојано грешки.

Девица

Иако сте знак кој внимава на секој детал, денес тоа ќе им го препуштите на вашите колеги.

Доколку сакате да ви се случи промена на љубовното поле, тогаш мора да бидете малку повеќе отворени од она што сте моментално.

Вага

Денес ќе се насочите кон финансиите, меѓутоа нема да почувствувате некоја голема разлика. Во последно време живеете од месец за месец, но сепак и тоа не го сфаќате крајно негативно, што е и добра работа.

Немавте доволно време за личноста која ја сакавте, или си поставивте нови приоритети?

Шкорпија

Иако размислувавте да направите нешто ново на професионалното поле, сепак не сте расположени за промени. Друштвото на вашите соработници денес ќе ви влијае позитивно.

Вашата страст во моментот главно е резултат на искрата којашто ја чувствувате за саканата личност, не дозволувајте истата да спласнува постојано.

Стрелец

Вие си ја сакате работата која ја работите, но сепак имате чувство дека некој си ги „пика“ прстите таму каде што не му е место. Не судете пред да сослушате.

Доколку се чувствувате осамени, тоа не е прична да прифаќате сешто без никакви критериуми.

Јарец

 Вашата комуникација со колегите се поправа, иако вие не се надевавте на тоа. Само бидете пофлексибилни.

Веќе ви е преку глава од пасивноста и сакате да тргнете во акција, некој полека но сигурно овие денови ви се лепи за срцето. 

Водолија 

Доколку не се наоѓате во завидна положба кога станува збор за работата, денес нема да чекате на другите, туку ќе ја земете работата во вашите раце и ќе се заангажирате многу посериозно.

Денес ќе сакате поголем дел од времето да го поминете сами со себе. 

Риби

 Бидете потворени во комуникацијата со другите луѓе, на тој начин се создаваат врски за се` во животот.

Не очајувајте доколку љубовниот живот не ви е она на што се надевавте, размислете што треба да се промени.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk