30. 07. 2020 09:01

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (30.7.2020)

ДНЕВЕН ХОРОСКОП (30.7.2020)

 Дневен хороскоп

Овен

Иако некој од вашето работно опкружување не си ги извршува своите задачи, потребно е да вложите поголемо разбирање за него доколку сакате да ви заврши денот помирно.

На љубовното поле,  соочете се со својата реалност, фантазијата за миг оставете ја на страна.

Бик

Идејата којашто ја имате е добра, но не и целосна, пред да се борите за неа, најпрво размислете дали може да ги покрие сите засегнати сегменти.

Препуштете ѝ се на фантазијата кога станува збор за работата.

Близнаци

За разлика од претходните денови денес ќе се чувствувате поодморено и ќе сакате побрзо да завршат обврските за да дојде викендот. На работата давате многу од себе, меѓутоа во овој период тоа не е забележително.

Емотивното расположение и денес ќе ви биде непостојано.

Рак

На работата ќе делувате посамоувререно, затоа што коракот кој го преземате ви е одамна спремен.

Најважното во врската е да се зачува довербата и сигурноста помеѓу партнерите.

Лав

Вашите идеи денес на работата на сите ќе им изгледаат луцидни, па затоа и ќе се повлечете во себеси.

Не чекувајте секoгаш практиката и идеите поврани со љубовта да ви бидат исти, затоа што љубовта сама по себе си носи некој друг вид на реалност.

Девица

Не верувате во сешто што ќе ви се каже на работата и тоа е добро за вас. Вашата претпазливост денеска ќе ве спаси од неочекувани заплети коишто ќе се случат.

Вашето однесување делува многу позитивно на вашиот партнер.

Вага

Некои работи од вас бараат да платите поголема цена и затоа денес ќе се обидете да најдете некој друг пат за решавање на тие проблеми.

Партнерот има право на свој избор, па дури и да не постојат слични интереси. Имајте разбирање и за неговите потреби и желби.

Шкорпија

Денеска ќе го почувствувате вашиот недостиг во професионалното надоградување. Ситуацијата во којашто се најдовте од вас бара нови квалификации кои вие ги немате.

Искреноста не е доволна понекогаш за да се решат сите прашања поврзани со љубовата, потребно е и посветување на поголемо внимание.

Стрелец

Денес нема да бидете толку окупирани со себе, колку со желбата да покажете пред другите што знаете.

На љубовното поле на партнерот му делувате премногу страствено, но сепак поради некои причини не успевате да го постигнете саканиот ефект.

Јарец

Без разлика што денес ќе бидете спремни за да ги завршите обврските на работното поле, сепак некој ќе ве кочи во истото.

Не се однесувајте детски кога станува збор за љубовта, не правете тактики кои можат да ви се вратат како бумеранг.

Водолија

Овој ден ќе сфактите дека имате направено погрешен избор, односно дека она на кое најмногу внимание му посветувате ви носи најмалку пари.

Ако во врска со љубовта за нешто чувствувате нелагодност, тогаш  овој ден можете да поразговарате со партнерот.

Риби

Обидете се да ги изанализирате соработниците пред да донесете некоја проценка.

Обидете се да не бидете премногу љубоморни и да му ја одземате слободата на партнерот.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk