04. 02. 2010 18:33

Доктор обвинет за смртта на Мајкл Џексон ?!

Доктор обвинет за смртта на Мајкл Џексон ?!

Конрад Мари кардиологот на поп пејачот Мајкл Џексон ќе биде обвинет за убиство. Како пренесуваат странските медиуми адвокатот на Мари изјавил дека тој ќе се предаде на властите доколку се воспостави дека тој е виновникот за смртта на Џексон.

Резултатите од обдукцијата покажале дека причината била  силен анестетик „дипривол“, но во неговиот организам е пронајден е коктел од повеќе лекови вклучувајќи ги и седативите „мидозолам“ и „диазепам“ како и лековите против болка „лидокаин“ и „ефедрин“, кои исто така придонесле за смртта.

Мари тврди дека на пејачот не му препишал ништо што би можело да ја предизвика смртта и дека „дипривол“ го користел за лечењето на несоницата од кој Џексон боледувал.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk