Мени

Џесика Симпсон профитираше од бременоста

15.05.2012 13:37 | KumanovoNews

Американската пејачка, актерка и ТВ водителка Џесика Симпсон убаво профитираше од раѓањето на нејзината ќерка Максвел Дру Џонсон, заработувајќи речиси пет милиони долари.

Џесика Симпсон профитираше од бременоста

Како што објавуваат американските таблоиди, Џесика и нејзиниот вереник Ерик Џонсон само од продажбата на првите фотографии на нивната ќерка на магазинот „Пилп“ заработиле 800.000 долари.

Дополнително, за симнување на вишокот килограми наталожени за време на бременоста, Џесика доби уште четири милиони долари, колку што вреди нејзиниот договор со компанијата за диететски производи „Вејт Вачерс“.

Медиумите забележуваат дека Џесика и Ерик, сепак заработиле помалку на нивната ќерка од двојките Џенифер Лопез - Марк Ентони и Анџелина Џоли - Бред Пит, кои за првите фотографии на своите новороденчиња добија шест, односно 11 милиони долари.