Мени

Џони Деп е прогласен за модна икона

19.03.2012 15:43 | KumanovoNews

Здружението на американски дизајнери го прогласи актерот Џони Деп за модна икона.

Џони Деп е прогласен за модна икона

Актерот е познат по ексцентричниот стил на облекување, тој е првиот маж на кој му припаднала оваа награда. Минатата година за икона на стилот беше прогласена Лејди Гага.

Оваа година славиме 50- годишнина од CFDA, и можеме да забележиме каква клучна улога имаат овие награди во нашите напори да ја промовираме американската мода.  - изјавил Стивен Колб, извршниот директор на CFDA.