Мени

Џони Деп посвоен

26.05.2012 10:27 | KumanovoNews

 Американскиот актер Џони Деп е веќе дел од семејството Команчи. Ладона Херис која е член на племенскиот совет Команчи изјави дека на Деп оваа членство му е доделено на 16 мај.

Џони Деп посвоен

 Според традицијата на посвојување сега ние Деп го сметаме за наше семејство- изјавила Херис.

Деп моментално е во Ново Мексико и глуми Индијанец во филмот "Осамен ренџер"

Херис изјавува дека со Деп стапила во контакт преку еден пријател кој бил и советник за културолошки прашања за снимањето на новиот филм. Деп во филмот кој е римејк на популарната американска радио и ТВ серија од средината на минатиот век, игра помошник на осамен ренџер, Индијанецот Тонто.

Американскиот актер кој присуствуваше на индијанската церемонија не сакаше д ги открие деталите за филмот.