29. 07. 2010 16:33

Елена, Ламбе и Слаткар пееа на Плоштад

Елена, Ламбе и Слаткар пееа на Плоштад

 На Градскиот плоштад во Куманово синоќа концерт одржаа познатите поп ѕвезди Елена Ристевска, Ламбе Алабакоски и групата Слаткаристика.

 Водител на програмата беше Сашко Коцев, кој ги забавуваше своите сограѓани со досетки од актуелните случувања во градот. Во публиката главно беа млади, кои ги знае песните на младите ѕвезди.

Концертот го организираше фирмата Тинекс, по повод отварањето на на новиот хипермаркет. Свеченоста беше заокружена со спектакуларен огномет, на задоволство на сите посетители и граѓаните на Куманово.

Елена, Ламбе и Слаткар пееа на Плоштад

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk