Мени

Фидел Кастро имал 35.000 љубовници

11.01.2010 13:47 | KumanovoNews

Четириесет години Фидел Кастро секојдневно нарачувал жена за појадок, ручек и  вечера. Кубанскиот диктатор се истакнува како најголемиот љубовник на сите времиња, според неговиот автобиограф.

Фидел Кастро имал 35.000 љубовници

По се изгледа Казанова веќе нема да го поседува префиксот на љубовник и заводник, бидејќи бројката од 35.000 жени на Фидел ги сруши сите досегашни јавни рекорди. Дневниот ритуал на Фидел бил најмалку две жени за ручек и вечера, а понекогаш и појадок кои му ги бирале од сончевите плажи на Хавана тропските убавици. Од толкава бројка на љубовници Фидел за мајки на своите деца избрал четири жени од кои има осум деца.