Гоца Тржан во Куманово
        16.08.2011 11:38
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во сабота, 20 август Гоца Тржан ќе има свој настап во „Касапски Круг“.
 
                  Српската пејачка својата кариера ја започна во бендовите Дисторзија и Тапири, а популарноста ја стекна како член на бендот Тап 011. По напуштањето на бендот, започна соло кариера а 2009 имаше соло концерт со кој одбележа 15 години музичка кариера. Пејачката е позната и по учеството во шоуто „Преживеан“ а послените неколку месеци ги полни медиумите по разводот со нејзиниот поранешен сопруг Иван.
Цената на картите е 150 денари.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



