28. 06. 2010 14:26

Кореодрамата „Паго суно“ во Куманово

Кореодрамата „Паго суно“ во Куманово

 Приказната што музиката ја раскажува е онаа со која секојдневно се сретнуваме за вечниот сон за среќа, љубов и мир, сон кој за жал сé почесто се крши.

 Утревечер во Ценарот за култура „Трајко Прокопиев„ со почеток во 20 часот ќе се одржи  кореодрамата “Паго суно“ (Скршен сон). Проектот „Паго суно“,е замислен како кореодрама, инспирирана и создадена на либретото на Јагода Сланева, претставува комплетна музичка визуелизација и игра во која речиси да не е потребен зборот и просторот. Приказната што музиката ја раскажува е онаа со која секојдневно се сретнуваме за вечниот сон за среќа, љубов и мир, сон кој за жал сé почесто се крши.

 Преку едноставен камерен состав на традиционален и современ инструментариум, музичкиот аранжман сосема ненаметливо нé носи од една слика во друга, притоа комплетно доловувајќи го амбиентот и емотивноста на самото дејство. Самата структура на музичката мисла и игра е континуирана, лирска но сепак драматична, со контрасти што нé носат на исконските ромски мелодии и ритми, до современа инструментализација зачинета со џез и со амбиентални елементи , вели авторката на музиката, Бајса Арифовска.

 Музиката е на Бајса Арифовска, а кореографија и режија на Јагода Сланева Хаџиманова. Во претставата играат: Санела Емин, Наташа Николова и Драган Кочоски.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk