×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски композитор со холивудски ѕвезди

    09.01.2012 11:44 | KumanovoNews

    Кумановецот Зоран Краљевски -Глусац е автор на музиката на црногорскиот филм „АС ПИК- лоша судбина„, за кој напишал 5 композиции.

    Кумановски композитор со холивудски ѕвезди

    Филмот е  во режија на  Драшко Ѓуровиќ, а играат холивудските глумци Мајкл Мадсен главниот јунак во Тарантиновиот „Уби го Бил„, како и Пеѓа Бјелац волшебникот од Хари Потер 4. Останата актерска екипа ја сочинуваат Бане Поповиќ, Момчило Оташевиќ, Јелена Симиќ, Данило Челебиќ, Милица Милша и Растко Јанковиќ, како македонскиот актер Мони Дамевски.

    Филмот „АС ПИК - лоша судбина„ е психолошко љубовна акцијска драма која опфаќа повеќе испреплетени времиња и дејствија. Мал дел од филмот се навраќа на военото распаѓањето на некогашната СФРЈ, а потоа следи испреплетување на несреќните судбини на обичните луѓе од тоа време.

    Ваквата приказна бараше и посебен пристап од аспект на музиката, која мораше да ги долови времето, карактерите и дејствата. Кога е во прашање Балканот, тоа е комплицирана работа. Бидејќи има еден вид патување низ времето кое музиката мораше да го покрие, жанровски гледано во филмот од музички апспект има: балканско етно, стара шпанска музика, класика, па се до техно-турбо-фолк. Тој дел јас го одработив со четири мои композиции и една на син ми. Решив во таа работа да вклучам што повеќе луѓе од Куманово. Инаку покрај мене во филмот како автор на музика се јавува и композиторот Далибор Недовиќ, кој независно од мене направи музика за уште неколку други сцени- објаснува Краљевски.

    Премиерата ќе биде на Филмскиот фестивал во Херцег Нови. Македонската промоција ќе се случи во Куманово.

    Краљевски неодамна заврши со пишување на музика за македонско-албанскиот филм кој наскоро ќе има премиера во Скопје, а потоа и во Швајцарија.