Марадона татко по петти пат
        15.02.2013 09:52
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Најдобриот аргентински фудбалер на сите времиња Диего Армандо Марадона денеска стана татко по петти пат, откако неговата поранешна партнерка Вероника роди син.
                  Детето ќе се вика Диего Фернандо, иако Вероника и Марадона се разведоа пред неколку месеци.
Марадона со својата прва жена Клаудија има две ќерки Далма и Џанини. Марадона има уште две деца од вонбрачни врски.
„Ел Пибе“ има и внук, син на неговата ќерка Џаннини и фудбалерот на Манчесер Сити Серхио Агуеро.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



