×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Музичко-книжевна вечер во Бикер паб

    09.12.2011 12:53 | KumanovoNews

    Утревечер во Бикер паб ќе се одржи литературно-книжевна вечер, на која Даниел Краљевски ќе чита расказ со наменета содржина.

    Музичко-книжевна вечер во Бикер паб

    Истовремено ќе свират групите: The Maze и M & G од Куманово, и The Yanna од Скопје. Почетокот е закажан во 22 часот. Влезот е бесплатен.

    Манифестацијата „Lets grow Awareness“ е со цел да ја поттикне јавноста да размисла околу (не)потребноста за национална и верска омраза, тензиите со палење знамиња, не признавање имиња и уште куп слични нешта кои го затемнуваат Балканот и му даваат облик на темна дупка која е пример како не треба да живее.

     По палењето на замињата и подигнатите национални тензии, ние како група индивидуалци се запрашавме: зошто секогаш ова парче од светов да служи за пример како не треба да се живее? И зошто не се потрудиме да ги поттикнеме нештата кон подобрување, наместо да избегаме што подалеку од овде? Лесно е да се турнат нештата под тепих, потешко е да се соочиш со нив и да го додадеш својот труд за подобрување на нештата, па макар тоа било и една ваква манифестацја од литературно музички карактер која преку уметноста ќе се изјасни против националната омраза и ќе поттикне будење на онаа убава замисла која спие во секој од нас – замислата за подобар соживот и за едно поразнобјно утре.

      Џон Ленон замислуваше свет во кој сите луѓе ќе живеат во благосостојба и нема да постојат држави во светот, а истата утописка идеја беше искористена за скоро сите научно фантастични филмови во кои вонземјанците објаснуваа дека на нивната планета не постојат држави и дека сите се една нација.

    Овие идеи всушност и не се утописки, бидејќи се целосно возможни, но поради недоволната свесност на поголемиот дел од светот – до сега не се случиле. Можеби и никогаш нема да се случат, но битното е дека со малку поголема свесност би се постигнало многу подобро меѓусебно разбирање, а јас верувам дека тоа ќе се случи. Некогаш!