×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • На повидок нова љубов со Бредли Купер

    21.06.2012 06:30 | KumanovoNews

    Актерскиот пар Скарлет Јохансон и Бредли Купер се видени во ресторанот „Бел ер“, а сведоците тврдат дека хемијата меѓу нив била очигледна.

    На повидок нова љубов со Бредли Купер

    Скарлет Јохансон и десет години постариот актер со кој играла во филмот „He’s Just Not That Into You“ биле на „забавна вечера полна со флерт“, пишува американскиот сајт „Радар онлајн“.

    „Им беше многу пријатно заедно и очигледно е дека си се допаѓаат еден на друг. Бредли изгледаше како да е восхитен од нејзината убавина, зашто носеше кусо фустанче и беше шармантна. Ја чепкаше косата додека разговараше со него“, рекол извор, кој исто така бил во ресторанот и додал дека вечерата била повеќе од пријателска.

    Бредли Купер неодамна е прогласен за најсексапилен маж на светот од магазинот „Пипл“, а бил во врска со Рене Зелвегер и Зои Салдана.