14. 03. 2011 12:17

Недела на разновидност на младите

Недела на разновидност на младите

 Здружението на граѓани „Стритс фестивал„ организира “Недела на Разновидност” во која ќе се одржат повеќе музички настани.

Проектот се реализира од октомври минатата година со повеќе етнички мешана група на млади музичари, издавање на музички албум, промотивна кампања и  изготвување на публикација со препораки за подобрување на меѓу-етничката сензитивност во областа на култура.

Оваа недела ќе бидат реализирани следниве настани:

16.03.2011- Промоција на музички албум “Вклучи се за разновидност” и музички настап во кафе бар “CUBE”

17.03.2011- Промоција на музички албум “Вклучи се за разновидност” и музички настап во кафе бар  “ULTRA”

18.03.2011- Заедничка конференција за презентирање на завршни резултати

19.03.2011- Концерт за разновидност на Плоштадот во Куманово од 12:00-15:00

Проектот “Вклучи се за разновидност” е поддржан од УНДП како дел од Заедничката програма на ОН “Подобрување на меѓу-етничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците”.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk