Нино и октетот Куманово на Охрид фест
        24.08.2011 13:11
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Нино Величковски и Октетот Куманово утре ќе настапат на фолк-вечерта на Охрид фест.
 
                  На сцената на Долни Сарај ќе настапат со песната „Песни како домино„ на текст на Огнен Неделковски, музика на Миле Барбаровски и аранжман на Тодор Трајчевски.
По враќањето на сцената на октетот ова му е втор настап на фестивал. Во подготовка е и албум на кој ќе се најдат 10 нови песни.



 
                   
                   
                   
                   
                   
                  



