19. 04. 2010 09:15

Нино и Тамбурашите се вратија од Канада

Нино и Тамбурашите се вратија од Канада

 Нино Величковски и неговите „Кумановски тамбураши„ се вратија од Канада, каде што пееја за Велигденските прaзница. Во Торонто имале шест настапи за македонските иселеници, и велат дека носат прекрасни спомени од дружењето со публиката.

 Дванаесет дена бевме во Торонто, каде одржавме два концерти и 4 настапи во престижни ресторани што ги држат наши Македонци. Посетеноста беше одлична, а дружењето незаборавно. Гостувавме и на неколку телевизиски и радио емисии за нашите иселеници.Се на се еден квалитетет, успешен настан, каде ја презентиравме нашата убавата македонска и кумановска песна. Се изненадив дека и помладите ги знаат сите наши песни и на бис беа проследени моите песни „Бабино девојче„, „Свирете ми тамбури„ и „Много тешко да си зет„. Некои луѓе дојдоа од Америка да не слушнат и да бидат со нас. Чувствата беа измешани и поради тоа што се сретнав со некои пријатели, роднини по 10-15 години, па имаше и солзи радосници-вели Нино.

Посетата ја организираше Кумановското иселеничко друштво.

При престојот во Канада, Нино и Тамбурашите се прошетале и до познатите Нијагарини Водопади и највисоката кула во Торонто „Сиентауерн„ од каде носат прекрасни впечатоци.

Нино и Тамбурашите се вратија од Канада

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk