05. 05. 2010 11:50

Нова песна на Tyzze, Skipi i Spejko

Нова песна на Tyzze, Skipi i Spejko

 Kумановските хип-хоп пејачи Тyzze и Skipi и ди-џеј Spejko снимија нова песна на  насловена "Oна ми се свиѓа". Песната е во РНБ стил, со модерен ритам, по музика и аранжман на Skipi, а текстот го напишале изведувачите заедно.

Снимена е во студиото „Бит„ во Скопје. Песната веќе се врти по кумановските локали, а наскоро и официјлано ќе биде промовирана.

 Морам да кажам дека сме презадоволни од крајниот резултат и од тоа како звучи песната. Нашата соработка се надевам дека ќе продолжи и понатаму и нема да застанеме само со оваа песна. Да бидам искрен презадоволен сум од реакцијата на љубителите на хип-хопот на нашата песна што ми дава за право да бидам нескромен и да кажам  дека станува збор за вистински хит - вели ди-џеј Спејко.

За песнава е планиран и необичен видео запис кој ќе се снима во Скопје и кој треба да биде пуштен за месец дена. 

Нова песна на Tyzze, Skipi i Spejko

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk