Премиера на последниот Хари Потер
07.07.2011 12:05
| KumanovoNews
Денеска ќе биде одржана премиера на осмиот и последниот дел од популарниот филм за момчето волшебник Хари Потер.

„Хари Потер и реликвии на смртта 2“ е насловот на осмото продолжение на филмот, и прво снимено во 3Д формат.
Холивудското студио „Варнер брос“ на досегашните седум филмови заработи 6,4 милијарди долари, и уште една милијарда на ДВД изданија.
Седумте книги на писателката Џоана Роулинг се преведени на 69 јазици и продадени во 400 милиони примероци.
Настанот ќе започне во 17ч.и ќе може да се проследи директно на YouTube каналот, каде што ќе присуствуваат сите ѕвезди на серијалот.