01. 03. 2010 13:18

Пријавување за Рок-фест во Скопје

Пријавување за Рок-фест во Скопје

Конкурсот за пријавување на годинешното издание на Рок-фест, официјално e отворен и ќе трае до 28. март.

Сите заинтересирани млади групи, кои сакаат да се пријават за учество на фестивалот, треба да пратат пријава на имејлот rockfest.mk@gmail.com.

Во прилог на пријавата групите треба да испратат три песни во mp3 формат, кои ќе бидат исклучиво авторски, потоа име на групата, од кој град доаѓаат, стил на музика што ја свират, контакт телефон, како и интернет-страница, мајспејс или фејсбук-профил. По завршувањето на пријавниот рок, жирито ќе ги одбере годинешните учесници, кои ќе свират во натпреварувачките вечери на фестивалот.

Годинава, Рок-фест, ќе има вкупно пет вечери, кои ќе се одржат на 9, 16, 17, 23 и 24 април. Традиционално тој ќе се случува во Младинскиот културен центар во Скопје, а како и секоја година, освен натпреварувачките вечери ќе има и една ревијална, на која ќе настапуваат групи кои биле победници или имале забележителен настап на оваа долгогодишна манифестација.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk