Мени

Ријана повторно се забавува со бившиот дечко

12.06.2012 07:09 | KumanovoNews

Ријана повторно даде повод за шпекулации околу нејзиното смирување со Крис Браун, откако биле видени како се забавуваат во ноќниот клуб викендов.

Ријана повторно се забавува со бившиот дечко

Поранешниот пар, кој раскина во 2009-тата година откако Крис ја претепа Ријана, седеле на спротивни маци во клубот во Њујорк во саботата. Присутните изјавиле дека и двајцата повторно се гледале и смееле еден на друг.

Крис исто така и пратил две флаши шампањ на Ријана.

Откако Крис се појави со неколку пријатели во клубот, по само неколку минути и Ријана се најде на истото место со пријателките. Седеа доволно далеку еден од друг за да не мораат и неможат да разговараат, но доволно блиску за да се гледаат и да си праќаат пијалоци- изјавил пријател на Крис.