×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се е подготвено за новогодишната журка

    30.12.2011 15:23 | KumanovoNews

     Како предгрупи на рок-групата „Црвена јабука„ ќе настапат кумановските музичари Кенгур и Шваба, Арбеире Зенуни и Катерина Симоновска со Чедомирски латино бенд.

    Се е подготвено за новогодишната журка

    Новогодишната забава на Градскиот плоштад утревечер ќе започне во 21.30 часот, а ќе трае до 1 часот по полноќ. Како предгрупи на рок-групата „Црвена јабука„ ќе настапат кумановските музичари Кенгур и Шваба, Арбеире Зенуни и Катерина Симоновска со Чедомирски латино бенд. Во 23 часот програмате ќе продолжи со ѕвезата на вечерта.

    Се е подготвено за утрешниот спектакал, само уште да ни се погоди времето и да не е толку ладно. Членовите на групата „Црвена Јабука„ пристигнуваат вечерва и ќе се сместат во хотелот „Хармонија„. Утре во текот на денот ќе прошетаат низ градот, а ќе свратат на кафе во едно кафуле. Во 18 часот сите учесници имаат техничка проба, по што следува забавата. Ги повикувам граѓаните да дојдат во што поголем број заедно да ја прославиме Новата година-вели Жика Крстевски, раководител во секторот за култура.   

    На полноќ ќе биде приреден спектакуларен огномет, а граѓаните ќе ги поздрави градоначалникот Зоран Дамјановски.