Мени

Се обновува фестивалчето „Детелинка„

16.06.2010 12:34 | KumanovoNews

На Градскиот плоштад во петок со почеток во 20.30 часот ќе се одржи фестивалот за деца „Детелинка„. На фестивалот ќе настапат 22 дечиња од Куманово, кои ќе пеат песнички на македонски, албански, српски, влашки  и ромски јазик.

Се обновува фестивалчето „Детелинка„

 Фестивалот досега имаше 5 изданија и по пауза од 4 години, оваа година го обновуваме.Ги направивме сите подготовки како за најголемите културни случувања во градот и фестивалчето ќе биде едно посебно доживување за децата. Покрај настапувачите, ќе има и хорче, балетска група и затоа ги повикувам сите дечиња од градот и нивните родители да дојдат што помасовно-вели Жика Крстевски, раководител на секторот за култура.

Фестивалот е од ревијален карактер,го организира здруѓението на граѓани „ЛУК„, а покровител е градоначалникот и Советот на Општината Куманово.