24. 05. 2010 11:15

Слаткаристика за добра забава на матурантите

Слаткаристика за добра забава на матурантите

 Во ноќниот клуб „Версај„ матурантите од сите средни училишта во градот уште еднаш ја прославија својата матура.Со познатиот хип-хоп музичар Слаткар и групата „Токсикологија„ матурантите заедно се журкаа до раните утрински часови.

 Очекувам одлична журка, бидејќи настапувам пред матурантите, најхиперактивната публика во Куманово и мислам дека ќе биде одлично.Ќе изведам 22 нумери и настапот ќе трае околу два часа - најави Слаткар пред почетокот на забавата.

 Матурската забава за сите матуранти, четврта година  ја организира локалната самоуправа. Градоначалникот Зоран Дамјановски ги поздрави матурантите и им го честиташе полнолетството.

Среќен сум што вечерва можам да ви ја честитам матурата и полнолетството, еден од најсреќните моменти во животот, кога станувате рамноправни граѓани во општеството.Ви посакувам да го продолжите образованието таму каде што сакате и да ги совладате сите препреки во животот,бидејќи вие сте иднината на овој град со која ние се гордееме -им порача градоначалникот на матурантите.

Неговото обраќане беше проследено со одобрување и аплауз.

Прекрасно се забавуваме и голема благодарност до организаторите што го донесоа Слаткар, затоа што нашата генерација ја слуша неговата музика и ги знае неговите песни. Уште сме под импресии од прославата на матурата во училиштето, но ова заедничко дружење на сите матуранти е одлична идеја, бидејќи сите ние се знаеме од чаршија - вели една матурантка од гимназијата.

Организаторот за сите матуранти обезбеди беспланто пиење, а пред и по настапот на Слаткар музика пуштаа познати диџеи.

Слаткаристика за добра забава на матурантите

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk