×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Слатко изненадување од Т-Мобиле

    07.10.2011 19:51 | KumanovoNews

     Т-Мобиле подготви сензационален настан со кој уште еднаш ги израдува своите верни корисници - огромна розова торта блесна на плоштадот Македонија, со што Т-Мобиле ги изненади сите посетители во централното подрачје на Скопје

     

    Слатко изненадување од Т-Мобиле

    Тортата со досега невидени димензии, предизвика голем интерес и изнуди безброј воздишки кај граѓаните. Освен што се фотографираа, сите минувачи имаа и можност да вкусат парче од оваа! Досега најголема торта, некогаш направена во Македонија, долга 41,3 метри! Беа поделени над 8000 парчиња торта, за која беа потребни над 4000 јајца, 350 кг шекер, 150 кг чоколадо и многу други додатоци.

    Оваа торта, симболично го означува слаткото изненадување од Т-Mобиле, кое пристигна со новата специјалната понуда, 0 денари минута за разговори во целата мрежа и во припејд и во постпејд. Понудата Опција 0, корисниците можат да ја побараат во најблиската  продавница, или пак на бројот 1460.

    Корисниците на најголемиот мобилен оператор имаат уште една причина за радост, односно освен бесплатните разговори во целата Т-Мобиле мрежа, отсега можат да разговараат за 0 денари минута и кон фиксната телефонија на Т-Хоме. Опција 0 е достапна дури и за деловните корисници.

    Т-Мобиле и во иднина ќе ја продолжи традицијата на организирање на уникатни настани за своите корисници, кои го претставуваат најголемото мобилно семејство во Македонија, којашто започна со деликатесниот семеен ручек на ул. „Македонија“ во Скопје, па продолжи со организирањето на најголемиот пикник на вода во Охрид.