Стигнаа резултатите на Жељко и Јована од тестот на корона

11.06.2020 14:02 | KumanovoNews

Жељко и Јована Јоксимовиќ, се дел од познатите личности кои присуствуваа на забавата којашто ја организираше Светлана Цеца Ражнатовиќ, по повод прославувањето на раѓањето на нејзиниот внук Жељко.

Стигнаа резултатите на Жељко и Јована од тестот на корона

Тие денеска се тестираа за коронавирус, откако вчера Цеца и нејзиниот син Вељко објавија дека се ковид позитивни.

Резултатите на Жељко и Јована Максимовиќ се негативни, објавија српските медиуми.

За позитивноста на коронавирусот на Јована, вчера пишуваа српските медиуми, но денеска парот по направениот ПЦР ги демантираше гласините.

(Фото.Инстаграм)

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk