05. 07. 2010 15:14

Стритс фестивалот ги надмина очекувањата

Стритс фестивалот ги надмина очекувањата

 Првата вечер публиката ја одушеви групите  „Суперхикс“, која направи одлична атмосфера, а втората вечер тоа и успеа на Ареа. Забележителен настап имаше и српската група „Сарс“. Младите ги знаеја нивните песни на изуст и уживаа во понудената забава.

 Десетина групи од Македонија и странство настапија на третиот по ред Стритс фестивал во Куманово. Во две вечери на градскиот плоштад, младите се журкаа и уживаа во музиката на групите „Опиум“ од Куманово, „Sopha“ од Белгија, Сарс од Србија и „Суперхикс“ од Скопје. Втората вечер се претставија кумановскиот бенд, „Игнатија“ и албанскиот бенд „Blla Blla Blla“, од Скопје,групата „Ареа“ од Гостивар и зв Рамбо Амадеус.

Првата вечер публиката ја одушеви групите „Суперхикс“, која направи одлична атмосфера, а втората вечер тоа и успеа на Ареа.Забележителен настап имаше и српската група „Сарс“. Младите уживаа во понудената забава. На Рамбо Амадеус му се израдуваа  повозрасните кои ја знаеја неговата музика и песни.

Фестивалот заврши успешно дури и многу повеќе од она што очекувавме со подршка од сите граѓани од сите возрасти. Плоштадот беше преполн и неможеше да ги собере сите што сакаа да присуствуваат и да бидат дел од настанот. Се помина во најдобар ред со подршка на сите институции во градот. Младите се задоволни многу и посакуваат што почесто да се случуваат вакви настани и се надевам дека идната година ќе имаме уште побогата програма и поубави настапи - вели Андријана Колевска од организацијата.

За фестивалот во Куманово пристигнаа 50 аниматори од 10 различни држави од светот. За прв пат имаше изведувач од Јамајка, Гана и Лаос кој настапи во делот од перформансите со реге музика и жонглирање со оган за време на фестивалот. Стрит фестивалот во Куманово го организира невладина младинска организација Центар за меѓукултурен дијалог, а проектот чини околу 15 илјади евра.

Стритс фестивалот ги надмина очекувањата

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk