07. 06. 2010 11:15

Васиљков пееше во Белград

Васиљков пееше во Белград

 На покана на македонските иселеници, кумановскиот фолк пеач Игор Васиљков во Белград приредил незаборавна забава. Заедно со групата  "Естрада", Кумановецот бил одлично примен од публиката и тамошните медиуми.

 Драго ми беше што имав можност да ги забавувам моите сограѓани и да поминам три незаборавни вечери со нив.Ја промовиравме нашата преубава македонска музика, а гостувавме и во неколку локални телевизии, каде ја претставив нашата традиционална македонска изворна песна-вели Васиљков.

 Тој досега има издадено еден студиски албум на кој текстописци се Милан Зафков,Горан Михајловски, Цане Петров и други.

Негови хитови се "Сеуште те љубам", "Касиерка Мира" и "Пеам за домот свој", која е најслушана и најбарана, кога гостува надвор од земјата.

Секогаш кога ќе настапувам во емисиите инсистирам да пеам во живо со што моите обожаватели ќе можат навистина да ги слушнат моите вокални способности и токму затоа снимив албум со преработка на традиционалните македонски песни-вели Васиљков.

Васиљков пееше во Белград

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk