Мени

Велигденски хуманитарен концерт

09.04.2012 08:05 | KumanovoNews

Во Центарот за култура во Куманово во среда во 20 часот, ќе се одржи хуманитарен концерт на кој ќе настапат познати имиња од македонската естрада.

Велигденски хуманитарен концерт

За помош на сиромашни семејства во Куманово ќе пејат, Силви Бенд, Андријана Алачки, Нино Величковски, Маргица Антевска, Тања Јовановска, Круме Спасовски, Стевче Стојковски, Душица Јакимовска и Никола Павловски, групата Милениум, Гоце Димовски од групата Синтензис, Кумановско трио( пензионери), Филип Стојановиќ, Милена Гиевска, хумуристичната група Куманија и други музички имиња.

На нашата промоција на новата песна собравме многу луѓе и од тука потекна идејата да направиме уште еден концерт за Велигден, но да биде хуманитарен за оние семејства на кои им е неопходна помош- вели Слаѓан Станишковски, од групата „Милениум„ организатор на концертот.

Покрај сретствата од концертот и неколку фирми од градот ќе донираат прехрамбени производи за сиромашните семејства.