„Во појасот Газа откриени антички предмети“
13.01.2010 14:24
| KumanovoNews
Повеќе од илјада парчиња на антички пари и предмети настанати 300 години пред наша ера се пронајдени на југот на појасот Газа. Најзначајни предмети се сребрените големи и мали антички пари.

Екипа на архиолози пронајде и впечатливи пари на кој има втиснатина на крст и остаток од зидина кој се тврди дека е изградена 320 години пред наша ера.
Пронајдена е и мистериозна просторија при што влезот бил затрупан и се претпоставува дека тоа е гробница.