×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Војната продолжува: Лејди Гага и одговори на Мадона!

    13.06.2012 08:35 | KumanovoNews

    И додека на регионалната музичка сцена владее примирје, на светската работите се како кај нас пред неколку години. Главни актери се кралицата на поп музиката Мадона и чудовиштето Лејди Гага.

    Војната продолжува: Лејди Гага и одговори на Мадона!

    Се започна така што Мадона на една од пробите на турнејата MDNA ја извела својата песна Express Yourself, во која отпеала и дел од песната на Лејди Гага Born This Way, завршувајќи го перформансот со реченицата: “She’s not me”.  Тоа ја испровоцирало Лједи Гага која на Мадона индиректно и испратила порака од својот концерт во Нов Зеланд.

    Не сакам да се занимавам со овие работи, бидејќи најважна работа ми е пишувањето песни. Работите се поразлични од она што беа пред 25 години и поради тоа Born This Way е толку важна песна за мене. Друштвото се смени и тоа е сосема во ред, не мораме да се расправаме и мразиме. Некогаш луѓето подобро се чувствуваат кога ги навредуваат другите или се исмејуваат за нивната работа-- порачала Гага.