22. 02. 2010 12:40

Жељко Самарџиќ и Јелена Розга во дует

Жељко Самарџиќ и Јелена Розга во дует

Познатиот српски пејач Жељко Самарџиќ наскоро ќе сними дует со Јелена Розга, поранешна пејачка на групата „Магазин“.

Како што објавува весникот „Блиц“, песната ја напишал Тончи Хуљич, па се претпоставува дека ќе стане нов балкански хит.

Самарџиќ изјавил дека Тончи му понудил да го сними дуетот со Розга, и тој прифатил без да ја чуе песната бидејќи знаел дека прави само кавлитетни песни.

Дуетот ќе биде интерсен и затоа што се работи за спој на две генерации - рекол Самарџиќ.

Тој е задоволен е од пеењето на Розга и верува дека песната ќе биде прифатена од публиката.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk