×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Кадровски жртви за гола и пуста власт на социјалдемократите

    Емил Ташевски

    Контроверзниот српски новинар и писател Миломир Мариќ има напишано книга со наслов “Деца комунизма” во која ги опишува работите во 90-тите години во Србија и вели дека тогаш не можело да се биде ниту член на некоја улична банда ако не си дете на некој комунистички функционер од минатото. Мојата поранешна партија СДСМ, поточно голем дел од претходните па и сегашните раководства, имаат изјавено дека социјалдемократите се наследници на партијата од заедничката држава. Во партиските простории, особено кога се рушеше режимот на Груевски, се слушаа песни како “Рачунајте на нас” или “Bella ciao” во која се потенцираше она партизанското од минатото. Уште тогаш работите почнаа да ми стануваат сомнителни и неискрени од моите сопартијци кои најгласно ги пееја тие песни и го воздигнуваа маршалот, а утредента одеа во цркви, имаа свои духовници и ги постеа најголемите пости во календарската година.

    Како секој млад човек ги гледав зулумите и апатијата што владееше меѓу младите од режимот на Груевски, а на небулозите во тогашниот мој „двор“ не им обрнував особено внимание. Во тој момент јас, а и многу други млади, верувавме дека е време за големи промени во нашата држава која најпрвин ќе воспостави систем на вредности и еднаквост на секого пред законите, две најважни причини заради кои младите и образовани луѓе ја напуштаа и ќе воспостави слобода на медиумскиот простор и прифаќање на критики, сѐ со цел земјата да ја направиме поубаво место за нормален живот. Првите сомневања од моја страна, а во исто време тоа ми го потврдуваа и мислењата на младите луѓе во градот кои не се вклучени во партискиот систем, беше кадровската политика која ја спроведуваше тогашното раководство, односно поставувањето на директорски или раководни позиции во најголем број на луѓе кои имаа завршено образование како од вицот “Да сум знаел дека е толку лесно да завршиш факултет ќе завршев и средно”.  Кадровската политика и бегството на поранешниот премиер во тој период како млад и човек кој несебично се има вградено во рушење на режим за промени кои сите ги очекувавме поставив јавно прашања како впрочем секогаш што чинам. Моите прашања во тој период не се сфаќаа како добронамерна критика и не добивав никогаш одговор, туку полека бев отфрлуван од партиските состаноци и бев дискутиран како можен непријател за комодитетот на поединците. Најчесто од оние поединци како во вицот погоре. Отфрлување од самата партија не ми се случи само на мене, туку и на многу други луѓе кои говореа и размислуваа слободоумно и отворено. Небулозите одеа до таа мерка што раководството од Скопје заедно со партијата во Куманово се обидуваше да му наметне кадри и политика на сегашниот градоначалник, кој исто така не се согласуваше со политиките на едноумието. Самобендисаноста го доведе бастионот кој никогаш не паднал да биде поразен. Од тука натаму е само како што вели српската поговорка: “Тражили сте - гледајте”.

    Пред неколку дена директорка изберена на конкурс, со решение за директор на кумановската болница беше разрешена. Да бидам искрен не ја познавам лично, веројатно затоа што не сме се бореле заеднички во претходните години кои ви ги споменав погоре, но од пријатели сум слушнал позитивни зборови за нејзината професионалност. “И ќорава кокошка убоде просо” велат моите сограѓани кумановци. Да не бидам многу саркастичен, но си велам сигурно остатокот од социјалдемократите, односно оние кои најмногу аплаудираат и најмалку зборуваат, се обиделе да постават за директор надпартиска личност. Кога веќе мислев дека тие луѓе во власта го допреа дното, да бидам искрен ме изненади нејзиното разрешување после само месец дена. Одговорот е дека таков бил коалицискиот договор. Коалициски договор, кој колку толку наликува на сламка за спас на комодитетот и личното богатење на поединци. Истите тие кои во неформалните разговори велат дека сите вакви работи се за повисоки цели.

    Ако во книгата на Мариќ не сте можеле да бидете нешто, ако не сте дете на некој функционер во минатото, сегашната реалност е друга. Сега сте со власта ако немате свое мислење, ако знаете добро да ракоплескате и ако знаете да климате со глава. И тоа не ви дава гаранции затоа што после само месец може да бидете дел од коалициски договор за спас на функционерските задници и да испаднете лесно од било каква комбинација. Овие таканаречени наследници на комунизмот лесно ги јадат своите деца. Што би кажала една моја пријателка вработена во Министерството за внатрешни работи: БИМ - БАЃАВА.

    Емил Ташевски Дипломиран инженер по информатика на ФИНКИ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*