×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Незаслужена поразителна доверба во судството

    Виктор Божиновски

    Апсолутно сум свесен дека со самиот поглед на насловот на оваа колумна, многу граѓани нема да се сложат бидејки во јавноста веќе подолг временски период неправедно се создава перцепција дека во нашето судство ништо не чини, дека не може да се добиеправда во вистинска смисла на зборот во македонските судови.

    Ваквата перцепција според мене, главно се должи и на поранешниот и на сегашниот систем на избор на судии и обвинители, порано заради системот на избор кој беше чисто политички, од страна на Собранието па сам по себе не можеше а да не биде под одредено политичко влијание, а денес поради органите кои ги избираат судиите и обвинителите, Судскиот совет и Советот на обвинители, кои сакале да признаеме или не, во своите редови имаа членови со прилично “сомнителен“ квалитет и капацитет да го разберат судскиот систем како таков, бидејќи некои од нив никогаш воопшто не биле дел од самиот систем, па има и такви кои верувам дека никогаш ниту влегле во суд или обвинителство за да знаат со какви проблеми се соочуваат и што всушност треба да се поправа и кои проблеми да се решаваат.

    Прво, нешто околу “фамозните“ проценти на доверба во судството. Имено, во секоја граѓанска или стопанска парница имате две страни, тужител и тужен, па на крајот на судската постапка едната страна ќе го добие а другата ќе го изгуби случајот. Како тогаш
    оние 50 проценти кои ги добиле судските случаи може да немаат доверба во судството??!

    Во работните спорови, според мое искуство тужителите граѓани на кои фирмите не им исплатиле се што требало да им исплатат, во 90% ги добиваат случаите. Како тогаш тие може да се незадоволни??! Во кривичните постапки, во 10-15% се донесуваат ослободителни пресуди. Останатите се огласуваат за виновни затоа што сториле некакво дело. Како сега пак овие осудените немаат доверба во судството ако самите го прекршиле законот??! Што требало, некој да им прости??!

    Оттука, првиот заклучок што ми се наметнува е дека постои “проблем“ со оние бројки од 4-8% доверба во судството. Или истите не се точни и некој ги “фингира“ со цел да создаде токму перцепција за недоверба во судството или истите се резултат на мислењето на луѓе кои никогаш не влегле во суд.

    За воља на вистината, заради одредени случаи, особено оние во кои се ослободуваат луѓе со огромна политичка или финансиска моќ, во јавноста создаваат реален впечаток дека судството е во колапс, дека е партизирано или корумпирано што реално не е точно. Не може на основа на неколку пресуда да се создава претстава за целото судство. Тоа едноставно не е фер.

    Сега се поставува и едно друго прашање: дали јавноста воопшто има претстава дека судовите и обвинителствата во моментот работат со 60-70% од судиите и обвинителите кои реално им се потребни? И сега вие сте судија, имате еден куп предмети
    кои мора да ги завршите заради нормите кои постојат и сосема е нормално да се “провлече“ и грешка.

    Оттука, произлегува и едно друго прашање... Имаме претседателка на Судскиот совет која мртва - ладна изјавува дека “ќе се решела од сите судии кои не ја заслужувале судската тога што ја носат“! Ма немој! И што, ќе го оставите судството со 30% судии па пак нема да ни чини? Баталете се “ќоравог посла“, него да ви дадам еден совет... Предложете измени и дополнувања на Законот со кои, макар и со привремено односно ограничено време на траење, постоечките стручни соработници кои што ги има “еден куп“ по судовите и обвинителствата, а кои ги исполнуваат условите да станат судии и обвинители би ги именувале без “чувената“ Академија за судии и обвинители. Ви гарантирам две работи: Прво, ќе добиете многу поквалитетен кадар кој ќе биде способен да донесува правилни и законити судски и јавно-обвинителски одлуки од едноставна причина што имаат доволно искуство да се носат и со доста сложени предмети, и второ, ќе го надминете недостатокот на кадар во обвинителствата и судовите и нема да имате “неажурни судови“.

    Инаку, пак, ќе ви се случи, како во моментот во Куманово да немате стечаен судија и судија за стопански спорови, бидејќи онаа претходната си ја префрливте у Основен кривичен суд Скопје (уште се чудам како стечаен судија оди на кривична материја), втората поставена поднесе приговор кој и го уваживте затоа што, пази Бога ти, била многу млада за стечај (а не е млада за граѓанска материја која е 5 пати посложена), а и третата исто така поднела приговор и 4 месеци стечајните и стопанските спорови во Куманово “дремат“... нема кој да ги работи зашто сите се на “stand by“.

    И така... само едно кратко размислување и предлог како да се однесувате за да можете да го поставите судството на здрави нозе.

     

    Виктор Божиновски адвокат

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*