×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вакцинација на мајмуни во Сан Диего

    Милош Стаменковиќ

    Време на корона и се е можно.

    Пред неколку дена прочитав вест на социјалните мрежи дека во Соединетите Држави се спроведува вакцинација на мајмуни во Сан Диего. Во зоолошка градина, вакцинирани се девет мајмуни против корона вирус . Четири орангутани и пет боноби. Тие влегле во историјата на медицината, како први примати, кои, освен луѓето, примиле експериментална вакцина.

    Надлежните изјавиле дека сите мајмуни се чувствуваат добро и немаат несакани реакции на вакцината. Плус, сите девет животни имаат примено две дози.

    Докторите процениле дека орангутаните и бонобите спаѓаат во ризична група. И поради тоа морале да бидат вакцинирани.

    И се е во ред.

    Проблемот е во Северна. Во „Нашата земја“. Додека во Америка ги вакцинираат орангутаните, ние шетаме во соседни држави да се заштитиме од вирусот.

    За Северџанистан нема вакцина.

    Пред се, не сакам да пишувам за вакцинација. Туку за односот на странците кон нас како народ.

    Кога се вакцините во прашање, луѓето ги гледаат работите црно - бело. Или слепо верувате во медицина, или на ист начин се борите против наметнати вакцини. Во принцип, јa подржувам слободната волја. Секој има право на избор. Ако таков благослов имаме од Господ, како може луѓето да го потценуваат и негираат.

    Освен тоа, сите забораваме дека науката се сомнева, а религијата е догма и слепо верување. Ние ги променивме парадигмите.

    Бидејќи не пишувам за вакцини, сакам да зборувам за парадигмите.

    Зошто се поважни мајмуните од Сан Диего од граѓаните на Северна?

    Поради парадигми и вредности, кои ни се наметнати. Поради нашата перцепција на светот. Ние самите сме виновни. Имаме комплекс на помала вредност.

    Самите се понижуваме, а во исто време сме изненадени кога некој друг се однесува кон нас на ист начин на кој самите се однесуваме кон себе.

    Тоа може да се забележи на секој чекор, во секој разговор, во секој аспект на нашето однесување. Доволно е да го погледнеме само примерот за промена на името на државата. Како некој да почитува народ кој сам се самоуништува? Не е проблемот во предавниците во нашите редови, проблемот е во нас, што сме дозволиле истите да останат на власт. Тоа е доказ за самопочит. Да не зборуваме за стотици неправди кои се случуваат секој ден. И нема реакција. Тоа се случува на некој друг. Тоа не е моја работа. А кога ќе дојде ден да ни се случи несакана работа на нас, тогаш сме збунети и со наведната глава.

    Во секој разговор се поставува прашање: Што можеме ние? Тоа е работа на големите. Друг ќе мисли за нас. И тогаш, се чудиме што ни се случува.

    А решението е многу едноставно. Се вика промена на перспективата и формирање на критична маса.

    Што ни е потребно? За да објаснам, потребен ми е уште еден пример со мајмуни.

    Приказната за 100-тиот мајмун.

    Научниците сакале да направат истражување колку време е потребно за обновување на животот на остров на кој била детонирана атомската бомба. Тие земале 10.000 мајмуни и ги однеле на островот, во средината на Пацификот, една година од времето кога експлодирала атомската бомба. И , тогаш, откриле дека радиоактивноста не е на високо ниво во воздухот, единствено голема концентрација се задржала на влакната на кокосовиот орев. А оревите ги користеле за исхрана.

    Научници земале десет мајмуни и ги научиле како да го мијат кокосовиот орев во малата река. На почеток тоа го работеле само десетте мајмуни. По некое време, и другите го забележале тоа, па набргу бројка пораснала на 15. Како поминувало времето , таа бројка се зголемувала, на 30, 42, 71...И, што е она најинтересно што се случило? Кога стотиот мајмун почнал да го мие оревот во реката, сите 10.000 мајмуни, симултано, почнале да го работат истото....Е, тоа се вика критична маса. А настанала кога мајмуните ја промениле перцепција за своето однесување.

    Затоа, секој ден се прашувам, дали е можно, мајмуни од островот на Пацифик да се поинтелигентни од граѓаните на Куманово и Македонија?

    Веќе 30 години слушаме исти приказни, ветувања од исти политички партии. Сите безобразно лажат и секој нареден ден се наоѓаме во се полоша состојба.

    Најтрагично е што сме свесни дека не лажат, дека се криминалци, полтрони и луѓе без трошка достоинство. И пак, како зомбирани излегуваме на избори, бирајќи го помалото зло. Несвесни дека злото е зло, без разлика на големината. Единствено, во прашање е можноста.

    И пак, мора да се запрашам: „Кога ќе дојде денот, да бидеме поинтелигентни од мајмуните од Пацифик? Кога „100-тиот мајмун“ ќе го измие кокосот, и сите ќе ја промениме перспективата и состoјбата на умот?

    Единствено тогаш може да се надеваме дека нешто ќе се промени.

    Од СДСМ и ВМРО може само да умреме од радијација.

    На мајмуните во Пацификот им било потребно 3 месеци да разберат што треба да работат, на нас, интелигентни суштества, ни се малку и 30 години да се освестиме...

    Милош Стаменковиќ Милош Стаменковиќ

    *Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на KumanovoNews. Затоа KumanovoNews не сноси одоговорност за содржината на истите.*