×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Министерството за здравство не дава 50 бесплатни ќеси за вакцинираните

    03.12.2021 09:35 | KumanovoNews | Преземено од: vistinomer.mk

    Рецензираме пост на Фејсбук во кој се вели дека Министерството за здравство ќе дава 50 бесплатни ќеси за вакцинираните против ковид-19. Информацијата е објавена еден ден по стапувањето на сила на употребата на биоразградливи кеси во продавниците. Една ќеса сега чини 15 денари. Текстот е претставен како новинарски жанр вест, а малкумина сфатиле дека е шега, што може да се види и од коментарите под постот. Постот потоа беше споделуван на социјалната мрежа Фејсбук од други корисници кои прашуваа дали навистина Министерството за здравство ќе доделува 50 бесплатни ќеси за вакцинираните граѓани против ковид-19. Трети ја критикуваа владата и Министерството за глупавата мерка.

    Министерството за здравство не дава 50 бесплатни ќеси за вакцинираните Фото: pixabay.com

    Во текстот објавен на 1 декември пишува дека проектот е наречен ,,Пазарам вакциниран” и дека со него ќе се зголеми интересот за вакцинација откако цената на ќесите во маркетите порасна на 15 денари. Во текстот има лажна информација дека 50 ќеси ќе се доделуваат на секое лице кое ќе се вакцинира против коронавирусот.

    Во текстот има и лажна изјава од Министерството за здравство, која никогаш не била дадена и гласи:

    Сметаме дека мерката во голем степен ќе ја зголеми мотивацијата на граѓаните да се вакцинираат, порачуваат од Министерството за здравство додавајќи дека разгледуваат и други опции за мотивирање на граѓаните да се имунизираат против ковид-19.

    Од Министерството за здравство демантираат дека дале таква изјава. Оттаму посочуваат дека информацијата е лажна.

    Не, МЗ не дава 50 бесплатни ќеси на вакцинираните, изјавија од МЗ за Вистиномер.

    Хумористичните вести треба да се објавуваат со напомена и со ознака, за да не се создава забуна кај јавноста. Граѓани во коментарите се прашуваат дали ова е вистина или не. На сајтот Ретровизор, најдолу во дисклејмер пишува дека станува збор за интернет магазин за сатира. Вестите објавени во Ретровизор се измислени. Нивната намера не е да омаловажат или да навредат. Нивната цел е да бидат читани, да критикуваат и да ве насмеат, пишува на страницата. За жал, од коментарите под постот евидентно е дека малкумина ја сфатиле шегата.

    Оценуваме дека постот во кој се вели дека Министерството за здравство ќе доделува или доделува 50 бесплатни кеси за пазарење за вакцинираните граѓани како мерка за стимулација на вакциналниот опфат е сатирична.

    На последната владина седница, донесена беше одлука секој матичен лекар кој ќе има 70 проценти од прикрепените пациенти целосно вакцинирани, да добие 30 денари финансиски надомест по пациент. Тоа е последната мотивациска стимулативна мерка донесена во контекст на ковид-19 и вакцинацијата во земјава. Мерката невакцинираните административци да прават ПЦР тест еднаш неделно за да влезат на работните места нема да се спроведе, откако владата се откажа од неа поради тешката реализација и задирањето во основните човекови права.

     

     

     

     

     

    Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар