×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Од недела влез во Србија само со негативен ПЦР тест за коронавирус

    17.12.2020 11:04 | KumanovoNews

    Граѓаните на Македонија од недела 20 декември во Србија ќе можат да влезат само со негативен ПЦР тест за коронавирус, кој е направен во референтна македонска лабораторија, а не е постар од 48 часа.

    Од недела влез во Србија само со негативен ПЦР тест за коронавирус

    Како што соопштуваат од Министерството за здравство во Србија, без тест ќе можат да влезат само оние патници кои транзитираат кон друга земја, но ќе бидат приморани во рок од 12 часа да ја напуштат државата. Тест нема да биде потребен ниту за членови на екипаж на авионски презвоз, или пак за лица коишто се во доменот на меѓународниот превоз за стока или пак превоз на лица во или преку државата.

    Во уредбата на Министерството за здравство, стои дека без ПЦР тест ќе можат да влезат деца од Македонија кои се под 12-годишна возраст, но се со повозрасна личност која има негативен тест, како и лица коишто се со одобрен или привремен престој во Србија.

    Исто така без ПЦР тест ќе можат да влезат и припадниците на војските, полициските и другите безбедносни служби кои се во транзит преку територијата на Србија или се во Србија за извршување на службени задачи.

    Условот за влез во Србија не се однесува за граѓаните од пограничната област кои вршат земјоделски дејности и имаат земјиште на територијата на Србија или пак за оние коишто се на пограничните подрачја, а работат на територијата на Република Србија.  Сепак сите од нив ќе мора да приложат некој извештај со кој ќе го потврдат кажаното.

    Oваа уредба е донесена, бидејќи Македонија е проценета како земја со неповолна епидемиолошка состојба, а во групата се и Романија, Бугарија и Хрватска.