×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Кумановецот Јован Цветковиќ е прогласен за најдобар млад џез музичар на фестивал во Битола

    10.06.2023 11:00 | Оливера Пешевска

    Младиот пијанист Јован Цветковиќ од Куманово е прогласен за најдобар млад џез музичар за 2022 година во рамките на Џез фектори фестивалот што се одржува во Битола.

    Кумановецот Јован Цветковиќ е прогласен за најдобар млад џез музичар на фестивал во Битола

    Наградата „Гоце Димитровски“ доаѓа како потврда за талентот на Цветковиќ веднаш по неговото дипломирање на Џез одделот при Музичката Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, и како поттик за пронаоѓање на сопствен израз во овој музички жанр.

    За младиот пијанист, особено значајно што оваа награда му ја врачил токму неговиот учител Сашо Поповски.

     „Од професорот Поповски имам научено многу нешта во врска со џез музика и самиот пристап кон овој посебен жанр. Џезот е начин на живот и слободно можам да кажам дека придонесе за мојот развој како на личен, така и на музички план“, истакнува Цветковиќ.

    Овој џез пијанист, иако млад дипломец, досега има настапувано и на Џез фестивалите во Куманово и во Тирана (Tirana Youth Jazz Orchestra), што вели е патот по кој ја гради својата џез кариера, собира искуство и се етаблира на музичката сцена. Иако џезот не е комерцијален вид на музика, во Македонија има стандардна публика и фестивали во речиси секој град, а негов сон е да настапува на големите сцени во Европа и Америка.

    „Искрено, би сакал да појдам во светот и да го доживеам како едно ново искуство и учење. Но, сепак мислам дека таму од каде што потекнуваме, од каде исконски ја носиме својата култура и традиција, таму најмногу треба да дадеме нешто свое. Или како што вели познатиот џез гитарист Тони Китановски „Секој добар музичар треба добро да си ја познава музиката на својот народ“,  вели Цветковиќ.

    Тој смета дека перспектива на џез музика кај нас зависи од начинот на кој што ја негуваат самите музичари. Публиката го пронаоѓа она што џезот го нуди, таа слобода на импровизацијата како главна компонента и начин на изразување на секој музичар на сцена. Притоа, посочува дека и кај нас има многу добри музичари од кои може да се земе добар пример.

    Јован Цветковиќ е музички талент од малечок, свирел хармоника и настапувал со Детско- младинскиот фолклорен ансамбал „Срма“ од Куманово. Во џез музиката влегол сосема случајно, благодарение на  Филип Стевановски, музичар од Куманово на кој му е многу благодарен. Често вели дека не влегол тој во џезот, туку џезот го пронашол него. И повторно би го направил истиот избор.

    „Најважната работа што ја научив изучувајќи ја оваа музика е слободата на изразување која што се случува во самиот момент на сцена и токму тоа ми е најголемата автентичност кај џезот, што музиката секогаш е на различен начин изведена“, потенцира младиот уметник.

    Цветковиќ завршил на отсекот за џез-пијано, но свири и на гитара и хармоника, а голема желба му е да научи да свири тапани. Во иднина планира да продолжи да работи на своја музика, како и со триото составено од колеги од факултетот, па и и да снимат нивни песни.

    „Секогаш се радувам на настапите, а искуството си доаѓа само по себе. Кога некој се вложува во нешто, многу врати му се отвораат. Можеби затоа што настапите не се чести, па и имам можност повеќе да се посветам на секој сегмент од репертоарот, бидејќи музиката бара многу посветеност и љубов пред се“, дециден е штотуку дипломираниот, но веќе наградуван џез-пијанист Јован Цветковиќ од Куманово.