5 часа до почетокот на ждребката за Мундобаскет
03.02.2014 12:47
| KumanovoNews
Денеска во 19 часот ќе се одржи ждребката за овогодинешниот Мундобаскет кој ќе се одржи во Шпанија. Во живо, ждребката можете да ја погледнете на официјалниот Јутјуб Фиба канал.

После доделувањето на специјалните покани за турнирот, го одреди и составот на шеширите, кој изгледа вака:
- Шпанија, САД, Литванија и Аргентина - првиот шешир
- Ангола, Египет, Сенегал и Финска вториот шешир
- Иран Кореја, Филипини и Нов Зелнад третиот шешир
- Хрватска, Србија, Словенија и Украина - четврт шешир
- Бразил, Доминиканска република, Мексико и Порторикo - петти шешир
- Австралија, Франција, Грција, Турција - шести шешир
Мундобаскетот ќе започне на 30 август, а ќе заврши на 14 септември.