АБА ЛИГА: Партизан домаќин на МЗТ Скопје
27.01.2014 08:55
| KumanovoNews
Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва со почеток од 20:30 часот ќе го одиграат натпреварот од 18. коло од АБА Лигата против екипата на Партизан во Белград.

Првата средба на овие две екипи се одигра во Скопје во салата Борис Трајковски и заврши со победа на фаворитот Партизан.
Тимот на Партизан во моментот е на третото место во регионалното натпреварување, додека екипата на МЗТ Скопје на 11 позиција со ефект од седум победи и десет порази.