×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • АК Скок освои 10 медали во фрлачки дисциплини

    10.03.2011 13:20 | KumanovoNews

    Во организација на Атлетската федерација на Македонија на 6. март се одржа зимско првенство во фрлачки дисциплини во Охрид каде учествуваа атлетичарите на Атлетскиот клуб Скок и освоија вкупно 10 медали.

    АК Скок освои 10 медали во фрлачки дисциплини

    На првенството се одржаа следниве дисциплини - фрлање ѓуле, копје, диск и кладиво и во машка и во женска конкуренција и тоа во три возрасни категории: помлади од 17 години (помлади  младинци), од 17 до 19 години (младинци) и сениори (постари од 19 години).

    Најголемиот успех го постигна Гоце Димковски со освојување на 1 место во фрлање диск во сениорска конкуренција  со што стана државен првак и член на македонската сениорска репрезентација.

    Покрај него со златни медали се закитија Дарко Гирев - 1 место во фрлање ѓуле во категорија младинци и Матеја Ефремовска - 1 место во фрлање ѓуле (помлади младинки). Ако го потврдат овој пласман на следното државно првенство тие ќе влезат во младинската репрезентација.

    Во неизвесен натпревар Марјан Нојковски освои 2 место во фрлање ѓуле (сениори) и Никола Митковски - 2 место во фрлање копје.