10. 07. 2020 12:05

Александар Андрејевиќ старо-нов играч на КК Куманово

Александар Андрејевиќ старо-нов играч на КК Куманово

  Александар Андрејевиќ ќе потпише едногодишен договор со можност за продолжување на уште една година со тимот на КК Куманово, потврдија од управата на клубот.

Србинот доаѓа одекипата на Таково Леотар од националното првенство на Босна и Херцеговина.

Андрејевиќ (29) игра на позиција центар и е висок 212 цм. Во 2013 година бил дел од НБА драфтот, каде за жал не е селектиран. Професионалната кариера ја има започнато во Еуроинс Черно Море. Подоцна се преселува во македонската лига како и настапува во АБА Струмица и КК Куманово каде има одиграни само 4 натпревари во сезоната 2015/16 кога тимот ги забележуваше едни од најдобрите резултати.

Во меѓувреме, настапувал и во екипите на Ибар Рожаје, Ривиера Баскет, Спартак Суботица и македонскиот Охрид АВ.

Во последната 2019/20 сезона за екипата на Таково Леотар со одиграни 20 натпревари има постигнато 148 поени, 112 скокови, 19 асистенции, 16 украдени топки и 14 блокади.

(Д.Давитковски)

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk