Анри се пензионираше
16.12.2014 13:07
| KumanovoNews
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Тиери Анри одлучи да стави крај на својата блескава фудбалска кариера во 37.година од животот.

Својата кариера ја започнува во Монако, а својот целосен квалитет го прикажа со настапите за тимот на Арсенал. Со Арсенал два пати ја освои Премиер лигата, и три ФА купа.
Потоа се пресели во Барселона, а последните сезони играше за Њу Јорк Ред Булс, каде бележеше одлични настапи.