×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Аргентина фаворит на кумановци

    25.06.2010 00:14 | KumanovoNews

    Во екот на Светското првенство во Јужна Африка и нашите сограѓани се дел од фудбалската треска и имаат свои фаворити на Мундијалот. Нашите соговорници во финалето на првенството посакуваат да играат Аргентина и Бразил, а повеќето жалат што репрезентацијата на Србија испадна од понатамошното натпреварување. 

    Аргентина фаворит на кумановци

    Зоран Дамјановски, градоначалник

    Интензивно го следам Светското првенство и навивав за Србија и Словенија. Меѓутоа, бидејќи моите фаворити испаднаа типувам на победа на Бразил или Аргентина. Јас сум добар познавач на фудбалот, така да, по покажаната игра на теренот Аргентина и Бразил се најблиску до титулата, мислам дека се најдобрите репрезентации. Најголемо разочарување за мене на оваа првенство се Франција, Англија, Италија,па и Шпанија. Европските земји, дефинитивно покажаа најслаба фудбалска игра на оваа Светско првенство, барем во овој прв дел. Со новата Влада најверојатно и Македонија ќе учествува на наредното Светското првенство.

    Фросина Лазаревска, новинарка

    Повремено гледам по некој натпревар, не заради тоа што го сакам фудбалот, туку затоа што е Светско првенство за кое вреди два часа релаксирање на зелената трева со згодни професионалци. Мој фаворит е Аргентина. Луѓето знаат да се радуваат, искрено од срце, а и темпераментот им е сличен на нашиот. Марадона е душа. Навивачите главно очекуваат многу голови на натпреварите, но за мене се поинтересни и повозбудливи самите акции и прилики за гол кои не држат во неизвесност додека траат. На ова првенство Италијанците се вистинско разочарување. Азурите требаше да покажат многу повеќе. Мислам дека мажите фрлија клетва на нив да не можат жените да уживаат во нивните фудбалери до крајот на првенството. Убедливо од сите најзгоден фудбалер е Јакинта, тој се забележува од далеку, типична италијанска фаца. По мој вкус, грациозен, стасит, има шмек.

    Во финалето можеби ќе играат Холандија и Аргентина. Харизмата на Марадона и фантастичните индивидуалци со перфектна организација и компонираност на холанѓаните. Но, не треба да се заборави ни Брзаил и тие се јаки!

    Иван Анастасовски, професор

    Светското првенство го следам во согласност со моите професионални и хонорарни обврски, но сепак се трудам да бидам во тек со случувањата.Од секогаш мој фаворит била Италија и тука немам никаква дилема. Мислам дека во оваа фаза натпреварите беа доста неатрактивни, оти сите селекции тактизираа, но затоа од аспект на голови би го издвоил натпреварот Португалија - Северна Кореја кој заврши со 7:0. Англија важи за еден од главните фаворити за освојување на светскиот фудбалски трон. Според досегашната игра финалето би требало да е помеѓу Аргентина и Холандија, иако јас посакував да биде помеѓу италијаните и аргентинците. Искено се надевам дека до крајот на мојот мандат член на УО на ФФМ и Македонија ќе заигра на Светското првенство.

    Бобан Николовски, советник

    Го пратам Мундијалот максимално, онолку колку што времето и обврските ми дозволуваат. Голем љубител сум на фудбалската игра. Мои фаворити на Светското првенство, според досега прикажаната игра се Аргентина и Бразил од јужно американските екипи и Холандија и Германија од европските. Камерун и Гана или воопшто афричките екипи ме разочараа. Очекував многу повеќе од нив. Најдобри фудбалери за мене се Меси и Кака. Моја желба е во финале да ги гледам Холандија - Бразил или Германија - Аргентина.

    Илијаз Абази, спортски новинар

    Професионално и приватно секојдневно ги следам сите натпревари на Светското првенство во Јужна Африка. Досега со својата игра се издвоиа репрезентациите на Аргентина, Бразил, Холандија, Шпанија, а мој фаворит е Аргентина. Најголемо разочарување на Мундијалот ми се судиите кои го уриваат фудбалот. Само за потсетување на натпреварот Германија-Србија беа поделени 11 жолти и 1 црвен картон, Швајцарија - Чиле црвен картон и голот беше признаен од офсајд позиција. Најдобар натпревар досега беше Англија -Грција. Засега најдобра игра покажа Меси од Аргентина. Во финале ќе играат Аргентина -Бразил, а би било добро да игра и една европска екипа, на пример Шпанија.

    Габриела Димковиќ, новинарка

    По поразот на мојот фаворит репрезентацијата на Србија, јас навивам за екипите на Португалија и Аргентина. Најдобар момент за мене беше кога на натпреварот Србија - Германија, голманот Стојковиќ го одбрани пеналот на Подолски. Најголемо разочарување, пак поразот на Србија од Австралија. Се надевав дека Србите ќе победат и ќе го продолжат натпреварувањето. На Мундијалот на едно место има многу згодни фудбалери, но сепак би ги издвоила како најдобри Кака, Кристиано Роналдо и Јакинта. Во финале сакам да играат Аргентина и Шпанија.

    Мартин Костовски, портпарол

     Јас сум страствен навијач кој редовно ги прати настапите на репрезентациите на Светското првенство во Јужна Африка. Мој фаворит уште пред почетокот на првенството е репрезентацијата на Аргентина. Очекувам финалниот натпревар да го играат Аргентина и Бразил. Најдобар фудбалер е Лео Меси.

    Бошко Тасиќ, спортски новинар

    Следам нормало, тоа е најактуелно и тема број еден и кај нас во нашиот медиум каде што работам. Англија е мој фаворит затоа што и покрај слабата игра во фазата, по групи може да стигне подалеку затоа што го има според мене најдобриот стратег во моментот од сите селекции, а тоа е Фабио Капело.
    До сега немаше некој посебен натпревар што би можел да го издвојам.Се игра многу слабо, со многу малку погодоци и се сведено на добрата тактика на тренерите, кои одат по филозофијата добро е да не се прими гол, а ако го постигнеме тоа е одлично. На слабиот квалитет влијае многу и новата топка Џабулани која навистина фудбалерите не можеа да ја привикнат најубаво и премногу е незгодна за игра.
    Ме разочараа Англија и Србија,особено Франција.Англија се провлече низ иглени уши, но оваа особено важи за Франција која на оваа СП не наликуваше на репрезентација која беше финалист во Германија. Ме импресионираа сите Јужно Американски држави, а мора да се напомене и добрата игра на Мексико.
    Најдобар фудбалер сега за сега е Форлан од Уругвај кој е буквално ол раунд играч, во својот тим, а тука се и Меси кој нема среќа гол да постигне и Кака, Роналдо не го забораваме.
    Според мене во финале ќе играат Аргентина и Бразил затоа што сепак многу се сигурни во нивната игра, конкретни се и резултатите тоа го покажуваат. Мило би ми било и некоја послаба селекција да видам помеѓу најдобрите четири.

    Марина Манојловска, советничка

    Да, го следам Светското првенство, онолку колку ми дозволува професионалниот ангажман. Мој фаворит е Португалија. Еден од подобрите натпревари беше помеѓу Србија и Германија, а како тим ме разочараа англичаните. Најдобар фудбалер ми е Фернандо Торез, а во финале ги гледам Бразил и Португалија.