Белгија, Белорусија и Данска се противници на кошаркартите на Македонија
03.02.2014 13:18
| KumanovoNews
Македонската кошаркарска селекција ги доби противнициите против кои ќе треба да обезбеди пласман на Европското првенство во Украина 2015 година.

Белгија, Белорусија и Данска се противниците на нашите кошаркари. Квалификациите ќе се играат од 10 до 27 август, а веројатно и кошаркарската јавност може да биде задоволна од денешната ждребка.
Составот на останатите групи е следен:
- Група А: Исланд, Велика Британија, БиХ
- Група Б: Бугарија, Израел, Црна Гора, Холандија
- Група Ц: Австрија, Полска, Германија, Луксембург
- Група Д: Белорусија, Македонија, Белгија, Данска
- Група Е: Португалија, Грузија, Чешка, Унгарија
- Група Ф: Словачка, Шведска, Летонија, Романија
- Група Г: Швајцарија, Русија, Италија