Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Напаѓачот на Реал Мадрид Карим Бензема не е задоволен со својот статус во „кралскиот клуб“.
Французинот летово од Лион премина во Реал но сеуште неможе да се снајде во новата средина и со тоа нема обезбедено место во стартната постава.
Да разочаран сум - изјави 22 годишниот Бензема за францускиот „Лекип“.
Оваа работа знае да биде многу сурова и тоа е лошиот дел во фудбалот тоа сега го чувствувам на своја кожа. Сепак не би сакал луѓето погрешно да ме разберат во Реал е се во најдобар ред член сум на најдобриот клуб и полека напредувам, додаде репрезентативецот.
Не сакам поради тоа што играм помалку да правам проблеми. Спротивно на тоа ќе се трудам да го уверам тренерот во својот квалитет и се надевам дека ќе заслужам место во тимот. Ќе сторам се што е потребно да играм во стартната постава, заклучи Карим Бензема