Бест подобар од Михајловски
30.03.2015 12:01
| KumanovoNews
Кошаркарите на „Михајловски“ доживејаа нов пораз во рамките од 15.коло во Втората кошаркарска лига.

Вчера во Спортската сала тимот на Бест славеше со 64-85.
За Михајловски ова е четврти пораз во низа од почетокот на вториот дел од првенството. Следното коло им е слободно, така да тимот ќе има доволно време да ги санира повредите пред завршните 7 кола до крајот на првенството.
За неполни две недели, екипата на Михајловски ќе гостува против тимот на Радовиш.